ДИК пресече: Теренска проверка на 110.440 сомнителни гласачи

Сподели со своите пријатели

Државната изборна комисија го скрати бројот за проверка на гласачите откако беше направена вкрстената проверка која покажа скоро половина милион сомнителни гласачи, па така теренски ќе бидат проверени вкупно 110.440 гласачи.

Со остри реакции се јавија социјалдемократите кои велат дека нема потреба да се проверуав таква бројка на лица, затоа што само толку се на привремена работа во странство.

ДИК со консензус усвои извештај во којшто има повеќе од 310.000 сомнителни гласачи. Апсурдната одлука на ДИК, над 124 илјади сомнителни гласачи воопшто да не се проверуваат, не е во согласност со принципиелната борба што ја води СДСМ за вистината и правдата. ДИК треба да им ја образложи оваа апсурдна одлука на граѓаните – велат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа одлуката на мнозинството во ДИК, бидејќи со проверката како што велат ќе се покаже дека нема фантомски гласачи.

На синоќешната седница по шест часа жестока расправа, мнозинството на ДИК одлучи 124 027 лица воопшто не се проверуваат, во отсуство на двајцата членови предложени од СДСМ, кои инсистираа да се спроведе проверка и за овие лица, бидејќи од јули минатата година не се евидентирани во базите на институциите.

ДИК одлучи повеќе од 110 илјади граѓани да подлежат на теренска проверка, од кои речиси половината заведени како сомнителни дека живеат по повеќе гласачи на иста адреса. Административно ќе се проверуват приближно 36 илјади лица, од кои 4000 се водат како починати а фигурират на Избирачкиот список како гласачи. За речиси 63 илјади лица, ДИК се договори да направи административна проверка, а потоа дополнително и теренска доколку се утврди потреба.

За останатите 7 000 лица , од приближно 320 илјади кои ги исфрли вкрстената проверка како сомнителни, ДИК ќе одлучува на друга седница.