По 10 години брак дознала дека е во сродство со сопругот: Сакала да се разведе, но…

Сподели со своите пријатели

Селина и Џозеф Квионс од Колорадо се во брак 18 години и имаат три деца. Пред неколку години Селина започна да го истражува своето семејно стебло.

Loading...

Сакајќи да дознае нешто повеќе за нејзиното потекло, почнала да копа во минатото кога одеднаш дознала застрашувачка вистина – нејзиниот сопруг е всушност нејзин роднина.

За да се утврди степенот на нивната врска, тие направиле ДНК тест, пишува People.

 

 

Шокантно откритие

Како што рече Селина, кога почнала да ги бара своите корени, не ни поимала дека нејзиниот сопруг ќе се појави меѓу нејзините роднини.

– Го пребарав моето семејно стебло и видов дека Џозеф е меѓу моите роднини. Само реков: „О, не!” Се омажив за него во 2006 година, имавме три деца, не ми падна на памет дека постои можност да сме роднини. Тоа беше шок за мене, Џозеф, нашето семејство… Направив ДНК тест кој покажа дека сме роднини од втора до седма генерација – изјави Селина во видеото што го објави на TikTok пред неколку години.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Kоја земја има најмногу временски зони? Не е Русија!

Нејзиното видео стана вирално со повеќе од 6 милиони прегледи.

 

 

Селина и Џозеф неочекувано станаа ѕвезди на социјалните мрежи, а нивната приказна наиде на бројни негативни коментари.

Многумина ја прашаа зошто на прво место ја објавила.

– Мислев дека е смешно. Не знаев дека сето тоа ќе се претвори во лудило. Тоа беше шок за мене. Сепак, решив да не ги бришам негативните коментари, едноставно не сум таков тип. Тоа е мојата приказна – додаде таа.

Селина и Џозеф имаат два сина и една ќерка, па резултатите од тестот им ги соопштиле на своите деца.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Некои луѓе се родени да изневеруваат, но зошто е тоа така?

– Син ми рече: „Па, ако сме браќа и сестри, тоа не прави роднини, нели? Веста дека нивниот татко и јас сме роднини не ги вознемири премногу децата. Рекоа дека не е важно, што сме толку долго во брак, дека тоа е наше семејство и дека ништо нема да се промени – рекла Селина.

 

 

Според неа, тие добиле поддршка од семејството и пријателите, но многумина биле изненадени од неочекуваната популарност на Селина и Џозеф, кои се најдоа во центарот на вниманието.

– Многу луѓе ме контактираа кои се најдоа во иста ситуација како нас. Сфатив дека ја отворив Пандорината кутија – додала таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Според жените, ова се најлошите карактеристики на модерните мажи

Како што признала, тоа што таа и нејзиниот сопруг се роднини и влијаел повеќе отколку што сакала. Во еден момент дури помислила на развод.

– Разговарав со Џозеф и сфативме дека нашиот развод ќе ни го уништи семејството. Ситуацијата е таква каква што е и не можевме ништо да направиме околу тоа. Полека успеавме да надминеме се и денеска сме посилни од било кога. Што се однесува до моето видео кое крена толкава прашина, сега е само дел од нашето минато – заклучила Селина Квионес.

Loading...