Девојката и љубовницата се запознале, следел голем шок за момчето

Сподели со своите пријатели

Млад Британец е во паралелна врска со две девојки, а ситуацијата станала напната кога тие две се запознале.

Loading...

– Имам 26 години, девојка ми е 24, а љубовницата 23 години. Во врска сум со девојката две години, и мислам дека имаме одлична врска, а таа е тип на жена со која би сакал да се оженам еден ден – вели тој и продолжува:

– Имам и љубовница, таа ми е колешка, и работиме заедно веќе една година. Штом се запознавме, почнавме да флертуваме еден со друг. Таа е убава, паметна и забавна, и една ноќ, после неколку пијачки, завршивме во нејзиниот стан каде што водевме љубов диво.

 

 

– После тоа, продолживме да се гледаме редовно и сексот е секогаш неверојатен. Тие две не знаат една за друга, и логично, мислат дека сум им лојален. Мојата љубовница не знае дека имам девојка, а и велам на девојката дека излегувам со пријателите, кога одам кај колешката – објаснува младичот.

– Долго време успеав да ги лажам и двете и да водам паралелен љубовен живот, сепак, се се смени кога мојата девојка одлучи да се врати во форма и почна да оди во теретана. Се испостави дека мојата љубовница оди на исти часови за пилатес во иста сала! Тие двете станаа пријателки и со месеци беа речиси неразделни – искрен е Англичанецот.

Loading...

– Животот ми се претвори во пекол бидејќи постојано се плашам дека ќе бидам разоткриен и дека ќе ги загубам и двете. Сепак, на мое големо изненадување, тие две се уште не знаат една за друг. Знам дека ова што го правам е погрешно, но не можам да си помогнам – наведува тој.

 

 

– Тотално сум збунет и не знам што да правам. Имам многу заеднички работи со мојата љубовница, но, од друга страна, знам дека девојката е „вистинска“ за мене. Ја сакам мојата девојка, но мислам дека заслужува некој подобар од мене … Дали треба да и признаам се и да и дадам шанса на мојата љубовници за вистинска врска – младиот човек е во дилема.

– Проблемот е што не сум сигурен дали мојот однос со љубовницата е само чиста страст или може да прерасне во вистинска врска – заклучи Британецот.

 

Loading...