„Девојка која се дави” направи хаос во Шпанија (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Морничавото лице на девојка што се дави во матните води на реката Нервон во Билбао ги вознемирило луѓето откако минатата недела во шпански град ненајавено се појави бизарна статуа.

Loading...

Во зависност од плимата, лицето на девојчето исчезнува во водата или се појавува на површината. На прв поглед, статуата предизвикува ужас и непријатност кај луѓето, додека лицето на девојката изгледа реално.

 

 

Енигматичната фигура е дело на мексиканскиот уметник Рубен Ороско и се вика „Бихар“ (што значи „Утре“ на баскиски), и е направена како дел од кампањата на Фондацијата ББК за стимулирање на дебатата за одржливост.

– Целта на статуата е луѓето да бидат „свесни дека нивните постапки можат да не потонат или да не одржат во живот“ – изјави уметникот за шпанските медиуми Ниус.

Како што водата се крева или се намалува, статуата од 120 килограми од фиберглас исчезнува и повторно се појавува секојдневно, што според Би-Би-Си е одраз на она што може да се случи „ако продолжиме да се обложуваме на неодржливи модели“, како што се оние што придонесуваат за климатските промени, пренесува Ројтерс. На

Loading...

 

 

Љителите на Билбао ја забележале инсталацијата минатиот четврток, откако била донесена со брод среде ноќ и се спуштена во реката во близина на центарот на градот.

– На почетокот, ме натера да се чувствувам нервозно, кога поголемиот дел од моето лице беше надвор од водата, но сега ми пренесува тага, многу тага – рече Триана Гил.

Таа додаде дека статуата „воопшто не изгледа загрижено, како да дозволува да се удави“.

Марија првично мислела дека скулптурата им оддаде почит на трагичните минати настани.

– Денес дознав дека таа не зборува за тоа, но мислам дека секој човек може да им даде свое значење – додаде Марија.

Loading...

„Бихар“ не е првото дело на уметникот Орозко што ги изненади и допре до жителите на Билбао.

Неговата статуа на осамена жена на клупа во паркот „Невидлив Соледад“ пред две години предизвика дебата за изолираниот живот на постарите луѓе.