Деветмина загинати во израелските напади врз Иран. Убиен е и нуклеарен научник

Сподели со своите пријатели

Најмалку девет лица беа убиени, а четири куќи беа уништени во утринскиот напад врз градот Астане-је Ашрафије во северната иранска покраина Гилан, потврдија локалните власти.

Во соопштението од канцеларијата на гувернерот се наведува дека уште 33 лица се повредени, а нападот е окарактеризиран како „терористички“.

Заменик-гувернерот изјави дека меѓу загинатите и повредените има 16 жени и деца.

Убиен нуклеарен научник

Иранските медиуми објавија дека нападот го извршила израелската армија, иако официјален Израел сè уште не ги коментирал тврдењата.

Некои медиуми објавија дека меѓу загинатите е и иранскиот нуклеарен научник Мухамед Реза Седики.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Венс: Ова не е вечна војна, ќе ја завршиме работата и ќе се вратиме дома

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во својот извештај наведоа дека „елиминирале уште еден високо рангиран ирански нуклеарен научник преку ноќ“, но неговото име сè уште не е официјално објавено.