Девет тела на ликвидираните лица во Куманово пренесени во Косово (видео)


Телата на деветмината косовски државјани, ликвидирани од македонската полиција во Куманово, денес пристигнаа во Косово преку граничниот премин Качаник.

Голем број косовски граѓани и претставници на здружението на ОВК, со знамиња на Албанија, го дочекаа нивното враќање, јавува порталот Бота Сот на албански јазик.

Loading...

Директорот на косовската судска медицина, Арсим Герџали, изјавил дека по разговори со роднините на убиените, повторно ќе биде извршена обдукција, пренесува новинската агенција Танјуг.

arrin1

Здружението на поранешни борци на ОВК најави дека погребот на убиените деветмина од „кумановската група“ ќе биде свечено извршен, но нема информации кога ќе биде тоа, со оглед на фактот дека прво треба да биде извршена обдукција на телата и од косовските институции.

Семејствата на припадниците на вооружената група кои беа убиени во судирите во Куманово во средата излегоа на протест пред владата на Косово и побараа Македонија да им ги предаде телата на нивните роднини.

Во судирите во Куманово меѓу македонската полиција и вооружената гурпа загинаа осум полицајци и десет а не 14 припадници на вооружената група како што првично изјави МВР.

Фото: Бота Сот


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *