Детски роденден во карантин: Како да му приредите забава на детето?

Сподели со своите пријатели

Роденденската прослава е еден од омилените денови на секое дете во годината. Тоа е време кога тој е во центарот на вниманието, кога скоро секоја желба му е исполнета и кога многу често добива барем некои од подароците кои долго ги посакувало.

Loading...

Но, повеќе од сè, тоа значи да се биде заедно и да се забавуваме со други луѓе: пријатели и роднини.

Како и да е, овој месец многу деца ќе ја немаат таквата прослава, но тоа не значи дека не можете на вашето малечко со малку труд и креативност да му приредите весел роденден што ќе го памети.

Баба и дедо во изолација пронајдоа забава во креативно пиење алкохол (ВИДЕО)

Дозволете овие неколку идеи подолу да ви помогнат да дизајнирате прослава на која коронавирусот нема да и застане на патот.

  1. Направете или нарачајте специјална торта

Тортата е секогаш ѕвезда на роденденската прослава, а особено е важна овој период од годината затоа што на малите ќе им даде чувство дека сè е во ред.

Постојат многу продавници за слатки кои сè уште ги доставуваат своите производи на вашата домашна адреса, така што лесно можете да нарачате торта со теми, што за жал не е опција на многу помали места.

Пет активности поради кои изолацијата не мора да биде досадна

Loading...

За среќа, тука се рецептите на интернет и вашата имагинација. Пронајдете рецепти за тортата за кои знаете дека ќе ги најдете потребните состојки без поголеми проблеми, а во подготовката можете да го вклучите и детето.

Оставете да се меша со вас, да ги додаде потребните состојки и слично. Да, тоа ќе предизвика хаос во кујната, но сепак имаме многу време да се исчистиме, нели?

Но, за да сè уште задржите некој елемент на изненадување, само финалното украсување направете го сами или со партнерот. И да, не заборавајте да ги набавите свеќичките. За среќа, скоро секоја продавница ги има.

Најстариот човек во светот го прослави 112. роденден во изолација

  1. Што е со подароците? Нарачајте ги преку интернет или направете ги сами

Иако претстојат економски неизвесни времиња, на дететот приуштете му барем еден подарок. Можете да го направите тоа сами во домашните услови, или можете да изберете една работа што навистина ја сакате.

Сепак, имајте на ум дека заради вонредната состојба и голема побарувачка за испорака, на многу продавници им треба малку повеќе време од вообичаеното, затоа навреме набавете го вашиот подарок.

Ја прекршил изолацијата па го изел крокодил

Ако одлучите сами да го направите подарокот, вклучете ги и останатите деца, како и други членови на семејството кои не можат да присуствуваат на домашната прослава.

Loading...
  1. Вклучете миленичиња и играчки во прославата

Бидејќи на луѓето кои не се дел од непосредното семејство не им е дозволено да се собираат во становите, големата прослава не е опција, но може да дојдете до решение кое сигурно ќе ги има предвид малите.

СВЕТОТ НАВИВА ЗА НИВ: Љубов во време на самоизолација (ВИДЕО)

Ако имате домашно милениче, не го запоставувајте, туку вклучете го во прослава. Ставете му роденденска капа. Истото можете да го сторите и со играчки, да облечете кадифени играчки и кукли. Можете да ги ставите сите на креветот или на масата – сите ќе ги „играат“ гостите, а тоа ќе го натера вашето дете да се насмевне.

  1. Соберете ги снимените желби на семејството и пријателите

Неколку дена пред вашиот роденден, замолете ги пријателите на вашето дете (и нивните родители) да му пишат кратка порака во која му честитаат за неговиот роденден.

Бабички не сакале сами во изолација: Одлучиле да живеат заедно, а од залихи имаат вино (ВИДЕО)

Направете го истото со вашите роднини, а потоа ставете ги сите заедно во специјално видео кое ќе му го пуштите на вашето дете.

Ако времето и одговорностите на другите дозволуваат, може да се слушнете во живо преку некои платформи за дигитална комуникација на неговиот роденден, и секогаш има добри стари, телефонски повици.

  1. Дизајнирајте забавни активности што ќе го направат денот поинаков од другите

Иако веќе не знаеме кој датум и ден е, затоа што сите изгледаат исти, роденденот на вашето малечко нека биде малку поинаков. Смислете барем неколку активности што ќе го направат денот барем малку повеќе посебен.

Loading...

Како хороскопските знаци реагираат на карантин и самоизолација?

На пример, донесете новогодишни светла за посебна атмосфера, во чинија ставете шарени парчиња хартија на кои ќе ги испишете плановите за летото кога сето ова ќе заврши, направете вистинска мала тврдина во средината на дневната соба или посетете некои од забавните паркови низ целиот свет виртуелно како што неодамна многумина ги понудија – Дизниленд е прва опција на списокот.

И прославата може да започне! Среќен роденден!

Leave a Reply