ДЕТСКА НЕДЕЛА ВО ОУ “КРСТЕ МИСИРКОВ”

Сподели со своите пријатели

14522356_10157553316410158_2108425706_o 14550521_10157553314405158_1648219311_o 14550571_10157553315015158_720125014_o 14550577_10157553313250158_600556279_o 14550937_10157553311330158_1313297537_o 14571879_10157553315685158_649947988_o 14599948_10157553317300158_1161990552_oСекоја година, во првата седмица од месец октомври, им се посветува на децата под мотото „Детска Недела“

Loading...

По тој повод, во периодот од 3-9 октомври, во нашето училиште беа организирани низа активности, како приредби, разни работилници, хуманитарни акции и др. ООУ „Крсте Мисирков“, Куманово, вчера организираше свечена приредба, на која дечињата беа запознаени со своите права и должности. Па така, заклучно од вчера, нашите ученици се членови на „Детската Организација“, и ги имаат истите права и должности како сите деца од светот.


Гости на вчерашната приредба беа учениците од првите одделенија и
големата група на дечиња од детската градинка „Кокиче“. Присутни беа и учениците од погорните одделенија, од кои дел беа учесници во приредбата, како и директорот, педагогот и психологот, како и наставничкиот колегиум на ОУ „Крсте Мисирков“.

Сакаме да изразиме голема благодарност до тимот одговорен за „Детската Недела“ во нашето училиште, меѓу кои Драгица Денковска, Ивана Бошковска, Бранкица Георгиевска, Светлана Младеновска и Ивана Д. Трајковска – изјавија претставници на училиштето.