Денеска и утре дезинсекција против крлежи во Куманово

Сподели со своите пријатели

На територијата на Општина Куманово денеска и утре се врши дезеинсекција против крлежи на зелените површини.

Loading...

Како што информираат од локалната самоуправа, процесот ќе се извршува во период од 05:00 до 08:00 часот.

Рано утринава се третирани зелените површини во Соколански парк, пред Центар за култура „Трајко Прокопиев”, Градски плоштад, Суд, Општа болница и Спомен Костурница.

Утре во истиот период ќе бидат третирани зелените површини на кејот и градскиот парк.

При извршување на овие третмани ќе се користи препаратот Cimina Plus.

– Неопходно е пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни, напоменуваат од општината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Позната излезноста во Куманово до 15 часот

Никола Ивановски