Денеска без струја повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации во Куманово денеска ќе останат привремено без струја во текот на денот.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со крзии, во период од 06:00 до 06:30 часот прекини имало во населбата Перо Чичо, поточно м.в. Багрем Бања, во населбата Карпош и тамошната индустриска зона, дел од „Моша Пијаде“, м.в. Стари Лозја, како и дел од булеварот „Октомвриска револуција“, спроти „Браво кеј“.

Во период од 08:30 до 14:30 часот денеска без напојување со електрична енергија ќе биде ООУ „Христијан Карпош“, како и улиците „Милентие Поповиќ“, „Ратко Митровиќ“, „Радоје Димиќ“, „Веселин Маслеша“, „Бранко Радичевиќ“, „30-ти јули“, „Иво Андриќ“, „Стево Филиповиќ“, „Михајло Пупин“, „Будимир Димковски“, „Руѓер Бошковиќ“ и „Благој Пецкалија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Театар Куманово утре премиерно ќе ја изведе „Чичко Кумплунг“ (ВИДЕО)

Никола Ивановски