Во десетте компании со најголем број вработени во Куманово минатата година работеле 1.853 лица, само 23 лица повеќе од претходната година. Тоа е раст од 1,26 насто, пишува порталот Пари.
Наспроти тоа, кај компаниите со највисоки просечни плати, вкупниот износ на прикажаните просечни плати се зголемил за 64,83 насто, од 10.294 на 16.968 евра.
ВО 10-ТЕ КОМПАНИИ ИМА РАБОТА ЗА 1.853 лица
Најголем работодавач е Рапид Билд, градежна фирма каде што работеле 343 лица, или 45 повеќе од претходната година (+ 15,10 %).
Веднаш зад неа е најраспространетиот синџир маркети во Куманово – Елида, со 322 вработени и раст од 6,62 насто.
Меѓу компаниите со над 300 вработени е и Босут, но таму е забележано намалување на кадарот од 4,76 насто, односно 15 работници помалку.

НАЈВИСОКИТЕ ПЛАТИ СЕ ДВИЖАТ ОД 1.380 ДО 2.585 ЕВРА
Највисока просечна плата од 2.585 евра е исплатена во Мида Комерц 2002, каде што годишната промена изнесува 681,52 насто. Претходно просекот бил 330 евра, што ја прави оваа компанија рекордер и по висината на платата и по растот. И лани и преклани имало вработено само еден човек.
Веднаш зад неа е Талентс Лаб ИТ со просечна плата од 2.157 евра и тројца вработени, што уште еднаш ја потврдува силната позиција на информатичкиот сектор меѓу најплатените дејности.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Автор: Катерина Михајлова

