Денес сончево и топло со температура до 26 степени

Сподели со своите пријатели

Топло, речиси тивко и сончево време се очекува во текот на целиот ден.

Loading...

Наутро не се очекува минимална температура под 0°С. Таа ќе има вредност околу 4°С во поголем дел од населените места. Малку потопло утро се очекува јужно од демиркаписката клисура, со минимална околу 8°С. На повисоките места најниската температура ќе има вредност околу 1°С.

Дневниот температурен максимум ќе биде повисок во однос на среда. Долж повардарието највисоката дневна ќе има вредност во дијапазонот од 23°С до 26°С. Во поголем дел од населените места низ земјава максималната ќе има вредност околу 22°С.

Leave a Reply