Ден на жалост во Тајланд поради масакрот во градинка

Сподели со своите пријатели

Знамињата на Кралството Тајланд се спуштени на половина копје во знак на жалост за смртта на 37 лица, меѓу кои 23 деца, во напад на градинка, јавува Ројтерс.

Loading...

Повеќето од децата кои беа убиени вчера во градинка во Утаи Саван, град на 500 километри североисточно од Бангкок.

Биле избодени со нож, соопшти полицијата, нагласувајќи дека ова е еден од најлошите случаи на убиство на деца во поновата историја.

Властите објавија дека нападот го извршил Паниа Камрап, поранешен припадник на полициските сили, која минатата година бил отстранета од должност и се соочувал со судење поврзано со наркотици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мадуро размислува за повторно отворање на Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела

„Тој беше на суд порано во текот на денот, а потоа заминал во градинка да го земе своето дете“, изјави портпаролот на полицијата за локалните медиуми.

По нападот на градинката отишол дома и ги убил сопругата и детето пред да се самоубие.

Возраста на повредените деца во дневниот центар се движеше од две до пет години, изјави локален претставник.

„Тоа е сцена која никој не сака да ја види. Од првиот чекор кога влегов, ми беше болно“, изјави за Ројтерс работникот за итни случаи Пијалак Кингкаев.

Loading...

Фотографиите направени од спасувачкиот тим во дневниот центар и споделени со Ројтерс ги покажуваат ситните тела на убиените како лежат на ќебиња. На подот беа расфрлани кутии со сок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Канаѓанец починал на одмор во Куба. На семејството му испратиле погрешно тело

Во објектот имало околу 30 деца – розова, еднокатна зграда опкружена со тревник и мали палми – кога пристигнал напаѓачот.

Беше помалку од вообичаено, бидејќи обилните дождови спречија многумина да дојдат, рече окружниот претставник Џидапа Бунсом.

Три момчиња и едно девојче кои го преживеале нападот се во болница, соопшти полицијата.