Демостат: Како Кина шири руска пропаганда?

Сподели со своите пријатели

Додека кинеските власти заземаат навидум неутрална позиција во нивните јавни говори, начинот на кој кинеските медиуми известуваат за војната во Украина од самиот почеток кажува поинаква приказна.

Loading...

Ова го покажува новата студија на Алијансата за обезбедување демократија при германскиот Маршалов фонд, објавена на крајот на февруари.

Додека Кина направи се за да изгледа неутрално во меѓународните кругови, државните медиуми го усвоија пропагандниот наратив на Кремљ.

Ова им овозможи на про-Путин гласовите да допрат до уште поширока глобална публика, бидејќи страниците на кинеските државни медиуми имаат над милијарда следбеници на Фејсбук – приближно десет пати повеќе од вкупниот број следбеници на страниците на руските државни медиуми.

По една година војна, Кина и Русија се зближија кога станува збор за информативниот простор, често повторувајќи ги меѓусебните позиции во државните медиуми, но и на социјалните мрежи, како дел од пошироката стратегија за поткопување на Западот, наведува Алијансата во извештајот.

Имено, од почетокот на војната кинеските државни медиуми руската инвазија на Украина ја нарекуваат „специјална воена операција“ или „украинска криза“.

Тие носеа тврдења дека САД финансираат тајна програма за биолошко оружје во Украина.

Според извештајот, во текот на првите 11 месеци од војната, кинеските власти и државните медиуми ги споменале зборовите „лабораторија“ и „Украина“ во повеќе од 500 твитови на социјалните мрежи.

Loading...

Исто така, кинеските медиуми никогаш не велат дека рускиот претседател Владимир Путин е агресорот, туку дека тој е жртвата, пишува Демостат.

Тие лиферуваа детали за цивилните жртви во Украина и меѓународната осуда на Москва, емитувајќи изјави од руски официјални претставници без да ја проверат и покажат другата страна.

Тие тврдат и дека земјите кои ја поддржуваат Украина се лицемерни и рамнодушни кон остатокот од светот, како и дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е контролиран од милијардерот Џорџ Сорос.

Тие помогнаа во ширењето на руските тврдења дека украинските војници користат цивили како жив штит, како и дека Русија напаѓа само воени цели во Украина.

Исто така, кинеските медиуми ги критикуваа САД и ги потенцираа претходните тврдења на Пекинг за американската надворешна политика.

Во извештајот се наведува дека Кина ја користи својата глобална мрежа за да го поткопува Западот и дека има улога во обликувањето на ставовите на неопределените држави на глобалниот југ.

Имено, Русија и Кина речиси една деценија водат пропаганда против Западот и ги зајакнуваат врските, кои ги карактеризираа како партнерство без граници пред инвазијата на Украина.

Сега државните медиуми помагаат да се прошири наративот на Кремљ до огромната публика дома и во странство.

Loading...

Помеѓу 24 февруари 2022 година и 23 јануари 2023 година, кинеските дипломатски сметки, како и профилите на државните медиуми на Твитер, го цитираа рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров три пати повеќе од украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, додека рускиот претседател Владимир Путин беше споменат осум пати повеќе од Зеленски.

Кинеските државни медиуми обезбедија и редовно емитување за изјави на сегашни и поранешни руски државни медиуми коментатори.

На пример, поранешниот британски политичар Џорџ Галовеј, кој води емисија на Радио Спутник и е редовен на RT и RT UK, постојано е ретвитуван, цитиран и интервјуиран во кинеските државни медиуми.

Сепак, неговата поврзаност со руските државни медиуми никогаш не се споменува.

Слично на тоа, кинеските државни медиуми и дипломати го ретвитуваа Ли Кемп, поранешен водител во сега непостоечката RT America, речиси 60 пати во првите 11 месеци од војната.

Ова им овозможи на про-Путин гласовите да допрат до уште поширока глобална публика, бидејќи страниците на кинеските државни медиуми имаат над милијарда следбеници на Фејсбук – приближно десет пати повеќе од вкупниот број следбеници на страниците на руските државни медиуми.

НАТО не беше редовна тема во кинеските медиуми и социјалните мрежи.

Во 2021 година, кинеските државни медиуми и дипломатските профили на Твитер го спомнале „НАТО“ во нешто повеќе од 1.200 твитови, додека „НАТО“ и „Проширување на НАТО“ биле спомнати во само 52 твита.

Loading...

Сепак, од почетокот на агресијата, на кинеските државни и дипломатски профили, САД се споменуваат двојно почесто од Русија кога се зборува за војната, а многу поголем фокус е ставен на НАТО отколку порано.

Имено, од почетокот на руската инвазија споменувањето на НАТО е зголемено за повеќе од 540 отсто, а проширувањето на НАТО за 1.700 отсто.

Во извештајот се наведува и дека Тајван е друга тема чиешто споменување нагло се зголемило од почетокот на руската инвазија минатата година.

Островот беше спомнат заедно со Украина во твитови на кинески сметки повеќе од 500 пати, иако огромното мнозинство од нив обиди на кинески официјални претставници или медиуми да ги отфрлат споредбите меѓу Украина и Тајван.

Кинеските пораки за војната во Украина имаат приоритет на одбраната на интересите на Кина пред руските, меѓутоа, интересите на двете земји се толку силно испреплетени, барем во смисла на поткопување на Западот, што често е тешко да се направи разлика меѓу нив, се вели во извештајот.

Сепак, има некои теми за кои Кина покажа јасна неподготвеност да обезбеди целосна реторичка поддршка на Русија.

Loading...

Ова е највидливо во случаите кога руските војници извршиле или биле обвинети за злосторства и воени злосторства.

Пример е случајот од Буча, бидејќи само неколку кинески дипломати јасно ги доведоа во прашање руските злосторства, додека други зазедоа среден курс, повикувајќи на независна истрага, ниту осудувајќи ја ниту бранејќи ја Русија.

Извештајот заклучува дека како што војната преминува во следната фаза, улогата на Кина веројатно ќе станува сè поважна, особено во однос на влијанието врз ставовите во неврзаните земји од глобалниот југ.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.