Децата без родителска грижа добија новогодишни пакетчиња од општината (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Децата без родители и родителска грижа, сместени во згрижувачки семејства, како и деца под старателство на своите блиски роднини денеска добија на подарок новогодишни пакетчиња од страна на Општина Куманово.

 

Loading...

 

Во придржуба со Дедо Мраз пакетчињата им ги врачи градоначалникот Максим Димитриевски, кој воедно изрази благодарност до згрижувачките семејства и Центарот за социјални работи Куманово.

– Ја користам оваа прилика да им ја честитам претстојната 2018 година и воедно да апелирам до сите наши сограѓани да дадат поголем допринос во делот на згрижување на оваа социјална категорија на деца. Не е лесно, се соочуваат самите дечиња со сериозни проблеми и мораме како граѓани првенствено да покажеме многу поголема општествена одговорност кон сите, а првенствено кон самите деца, изјави Димитриевски.

Општината има околу 100 деца без родители, дел од нив се сместени во институциите, а дел во загрижувачки семејства и блиски сродници.

– Денеска од страна на градоначалникот на децата сместени во згрижувачки семсјтва и блиски сродници на територијата на Општина Куманово, им беа дадени пакетчиња. Една голема благодарност до градоначалникот и општината што ги усреќува овие деца кои се без родители и родителска грижа, изјави Наџие Мустафа, Меѓуопштински центар за социјални работи.

Во Куманово има седум згрижувачки семејства, од кои шест се активни, едно е интервентно, а три се потенцијални згрижувачки семејства кои чекаат на листата.

 

 

Loading...

Инаку традицијата со доделување новогодишни пакетчиња од страна на Општина Куманово се негува со години наназад, со цел и овие деца да се почувствуваат како дел од општеството.

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...