Данска размислува за ограничување на протестите на коис е пали Куранот

Сподели со своите пријатели

Данските власти сакаат да воведат одредени ограничувања кога станува збор за протести на кои се пали Куранот, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата, пренесува Танјуг.

Loading...

„Данската влада ќе ја испита можноста за интервенирање во посебни ситуации во кои, на пример, се навредуваат други земји, култури и религии и каде што тоа може да доведе до сериозни негативни последици за Данска, не само во однос на безбедноста“, рекоа од данската влада.

Се додава дека тоа мора да се направи во рамките на уставно загарантираната слобода на изразување.

Во соопштението се наведува дека слободата на изразување е една од најважните вредности во данското општество и дека „така мора да биде во отворено демократско општество“.

Сепак, се нагласува дека, поради напнатата безбедносна ситуација во Европа, време е да се градат партнерства, а не да се сее раздор меѓу народите.

Данска го осуди палењето на Куранот

Данското Министерство за надворешни работи соопшти дека поради палењето на Куранот, Данска во многу земји се смета за земја која дозволува навреда и омаловажување на културите, религиите и традициите на другите народи.

„Некои од акциите на кои бевме сведоци имаа за цел да навредат и да предизвикаат реакција од други земји. Тоа може да доведе до сериозни последици, но и безбедносни импликации“, се наведува во соопштението.

Се нагласува дека данската влада јасно се огради и го осуди палењето на Куранот.

Loading...

„Палувањето е длабоко навредлив и непромислен чин извршен од неколку поединци. Тие неколку поединци не ги претставуваат вредностите на кои е изградено данското општество“, велат од данското Министерство за надворешни работи.

Се додава дека ваквите акции играат во корист на екстремистите „кои сеат поделеност во време кога треба да бидеме заедно“.

„Земјите кои сакаат да направат клин меѓу Западот и Глобалниот југ имаат корист од тие акции“, се вели во соопштението.