Данска испраќа воени инструктори во Британија, да ги подучуваат украинските војници

Сподели со своите пријатели

Данска ќе испрати воени инструктори во Британија за да ги обучуваат украинските војници, а има намера да ги обучува и украинските сили и во Данска, изјави данскиот министер за одбрана во интервју за „Јиландс-Постен“.

Loading...

Ројтерс наведува дека интервјуто е објавено пред утрешната конференција во Копенхаген, на која министрите за одбрана на Велика Британија, Данска и Украина имаат намера да разговараат за долгорочна поддршка за Украина, вклучувајќи воена обука и снабдување со оружје.

„Данска наскоро испраќа 130 воени инструктори во Британија“, изјави Мортен Бодсков за весникот.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА. 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина