Даниела со овој трик ослабнала 50 килограми, без да се откаже од омилената храна (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Даниела Пасито е девојка која успеала да ослабе дури 48 килограми, без да се откаже од омилената храна, макар тоа била и најнездравата храна!

Loading...

Даниела со паметна диета ослабела речиси 50 килограми, а својата приказна ја сподели со сите кои се прашуваат како да ослабат здраво.

 

 

„Го погледнав моето тело и сфатив дека не можам повеќе да го правам тоа. Не можев да седам на повеќето столчиња, бев преголема. Ќе се задишев додека ги врзував врвките од чевлите. Одењето по жештината беше ужасно, а многу од активностите што ги прават моите пријатели секој ден за мене беа недостапни“, започна таа.

 

Loading...

 

Очите на Даниела ѝ се отвориле додека ги гледала сликите од еден одмор.

„Не можев да поверувам колку години имам. Се сетив како моите пријатели сакаа да одиме на рафтинг, а како јас не можев да одам со нив. Елекот за спасување беше премал за да го облечам и ми рекоа дека тежината ќе создадете нерамнотежа на бродот и можеби ќе се превртиме поради мене“, се присети девојката.

 

 

Секогаш сакала да готви, но и да јаде, слатки, домашна храна, солени грицки…

„Јадев премногу и здрава и нездрава храна. Едноставно уживам во храната. А најмногу ми помогна трикот со чинии. Како дете секогаш јадев се што ми беше ставено во чинијата. И тогаш сфатив дека треба да јадам помали порции од помали чинии. Почнав со помали чинии и садови, ќе си ставев порција до врвот и ќе ја изедев. А потоа ќе му дадов на телото околу десет минути само да ми каже дали сум уште гладна или не“ вели таа.

Loading...

 

 

„Кога ќе бев задоволна, не би јадела повеќе. Но, понекогаш телото ми кажуваше дека сè уште сум гладна. И тогаш не би си одрекла од оброкот, јадев додека не се наситам”, објаснила Даниела.

 

 

Даниела вели дека најважно ѝ било што не се откажала од никаков вид на храна. Воопшто дури ни од чипсот, кој нутриционистите го нарекуваат една од најлошите намирници!

Loading...

Јас на пример сѐ уште јадам чипс. Јас сум тип на човек кој кога ќе види кесичка чипс мора да го изеде до последната трошка. И јас ја нарекувам таквата храна мои „тригери“. Затоа ретко ја имам во мојот стан, но тоа не значи дека никогаш ја нема и дека не го јадам. Сè уште повремено ќе купувам и ќе јадам чипс, едноставно веќе не е секоја вечер“, рече таа.

 

 

„Ми требаа три години да ослабам до целната тежина и знам дека можеби звучи како предолго за некој да ја постигне целта. Но, ми беше важно да одам бавно. Многу пати применував диета за брзо слабеење и брзо би ослабела, но би ги вратила тие килограми уште побрзо. Искрено, сега се чувствувам одлично. Секогаш им велам на луѓето дека слабеењето не е толку прашање на килограми колку што е работа на внатрешен развој и работа на себе. Сега сум слободна и повеќе не се чувствувам како да сум заробена“, рече таа.

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...