Далибор Стаменковски од Куманово на самит со европската елита на кондициони тренери (ФОТО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

Кумановецот Далибор Стаменковски, зеде учество на најголемиот европски самит за кондициони тренери – ESCCA Summit, кој се одржа во Торино, Италија, во периодот од 27 до 29 јуни.

Настанот ги собра водечките имиња од областа на спортската подготовка, а меѓу предавачите се најдоа тренери кои работат со врвни европски клубови како Барселона, Реал Мадрид, Фенербахче, Басконија и Виртус Болоња.

 

 

Учесниците имаа можност да разменат искуства, стекнат нови знаења и се запознаат со најсовремените методи и пристапи во физичката подготовка на спортистите.

Стаменковски со своето присуство на овој престижен самит го претстави Куманово и ја потврди својата посветеност кон професионалниот развој и квалитетната спортска подготовка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пронајден 19-годишниот кумановец кој беше пријавен за исчезнат

 

Loading...

 

Неговото учество на ESCCA Summit претставува дополнителен импулс за унапредување на кондиционата подготовка во македонскиот спорт.

Стаменковски инаку е кондиционен тренер на МКК Куманово и персонален тренер во фитнес центарот „Максфит“.

 

Никола Ивановски