Дали украдените сувенири од Помпеја се навистина проколнати?

Сподели со своите пријатели

Турист кој украл делови од археолошки остатоци од античкиот град Помпеја пред 15 години, ги вратил артефактите тврдејќи дека биле „проколнати“.

Loading...

Античкиот локалитет и археолошкиот парк на Помпеја е една од најпосетуваните италијански туристички дестинации. Со години туристичките организации се соочуваат со проблем туристите да крадат камења оставени од ерупцијата на Везув.

5 проколнати места во Европа, дел од нив дури забранети за посетителите

Канаѓанката Никол испратила пакет со две мозаични плочки, делови од амфора и парче грнчарија на еден агент во Помпеја, заедно со писмо со кое се признава кражбата.

Никол го посетила Археолошкиот парк на Помпеја во 2005 година, а потоа ги „украла“ споменатите парчиња керамика. Таа тврди дека оттогаш доживеала голем број несреќи, вклучувајќи рак на дојка и финансиски тешкотии.

 

 

Loading...

„Ве молам, вратете ги, тие носат несреќа“, напиша таа во писмото.

Тајната на проколнатиот остров: Локалните власти ги отстраниле крововите на куќите, а еве и зошто (видео)

Таа вели дека ги украла споменатите предмети затоа што сакала да има парче историја што „никој не може да ја има“, но дека сувенирите имале „толку многу негативна енергија… поврзана со таа уништена земја“.

Никол во писмото додаде дека ја научила лекцијата и дека сака „прошка од Бога“.

Никол не е единствената личност што се покајала

Пакетот содржел уште едно писмо за покајание од еден пар од Канада, заедно со камења украдени во 2005 година.

„Ги зедовме без да размислуваме за болката и страдањето што ги доживеале овие сиромашни души за време на ерупцијата на Везув и нивната страшна смрт“, напишаа тие.

Приказни за Алкатраз кои и денес ледат крв во вените

Loading...

„Жални е, ве молиме простете ни за тоа. Нивните души нека почиваат во мир“.

Со текот на годините, голем број украдени артефакти се вратени на локацијата, заедно со писма со кои се признава вина и изразуваат каење, па претставниците на паркот основале музеј за да ги изложат вратените предмети.

 

 

Туристите главно сакаат да ги чуваат овие археолошки остатоци како сувенири, но некои крадци се обиделе да продадат и делови од Помпеја преку интернет во 2015 година.

Овие познати семејства имаат богатство и моќ, но постојано ги следат несреќи и смрт (ФОТО+ВИДЕО)

Така е продадена тулата земена од урнатините во 1958 година.

Loading...

 

Leave a Reply