Приказни за Алкатраз кои и денес ледат крв во вените

Сподели со своите пријатели

Првите цивилни затвореници во затворот Алкатраз пристигнале на 11 август 1934 година, а до тогаш тоа бил воен затвор каде биле сместени заробеници од две војни, американската граѓанска војна, а подоцна и шпанско – американската војна.

Loading...

Никој не го преживеал Алкатраз, но тогаш ФБИ го добила ова писмо (ВИДЕО)

За Алкатраз

Затворот Алкатраз сместен е во заливот Сан Франциско на островот Алкатраз кој наводно е еден од најважните „проколнати“ места во Америка и исто така се нарекува проколнат затвор.

„Лос Анџелес тајмс“ овој затвор го опишува како: „Алкатраз е најозогласениот сојузен затвор кој оваа земја некогаш го видела. Неговата историја оди далеку и длабоко, како и приканзите, гласините и легендите. Американците споменуваат зли духови кои наводно се наоѓале на островот и пред затворот да биде отворен. Марк Твен документирал застрашувачка атмосфера на островот при посетата“.

Под Алкатраз пронајдена воена градба од 19 век

– Студен како зима, дури и во летните месеци. Затвореници, шумари и посетители пријавуваат дека во затворот се случуваат паранормални појавИ. Се слушаат шепотења од ќелии, вратата на ќелиите се заклучуваат, се слушаат звуци од ходниците, постојат студени места, понекогаш се слушаат и музичи инструменти и машини за шиење. Научниците ги отфрлаат доказите дека Алкатраз е проколнат и го сметаат оваа тврдење како безмислено, рекол Твен.

Loading...
Image by Marcello Rabozzi from Pixabay

Интересни факти за Алкатраз

Еден од првите затвореници бил Ал Капоне. Тој е приведен во 1931 година поради затајување данок. Нему во затворот му бил забранет секој контакт со луѓе од надворешниот свет. Свирел бенџо во затворскиот бенд. Имал сифилис и е испратен во болница, па на домашно лекување. Починал во 19847 година. Второто име за Ал Капоне во затворот било „Затвореник со бројот 85“.

Некој сепак го преживеал Алкатраз: Пристигна писмо по цели 56 години

Нема докази дека некој успеал да избега од Алкатраз. Имало 36 обиди, од кои 23 во стартот спречени, шест луѓе биле убиени, а двајца се удавиле. Првото бегство, т.е. обид, се случил на 27 април 1936 година. По еден од обидите за бегство е снимен и познатиот филм „Бегство од Алкатраз“ со Клинтон Иствуд.

Самото име Алкатраз доаѓа од имињата на морските птици, жителите на островот. Шпанскиот истражувач Хуан Мануел де Ајала го пронашол и му го дал тоа име.

Image by Jose Aitor Pons Buigues from Pixabay

Loading...

Третманот на затворениците во Алкатраз

Затворениците живееле едноставно и имале само работи потребни за живот, како вода, храна, кров над глава, туш и лекар. Една од казните која се користела била и она во која некои затворнеици биле врзувани со синџири кои на едниот крај имале топка, а надлежните во затворот сакале тоа да биде место од кое луѓето ќе се плашат, па се погрижиле и за дополнително обезбедување.

„Алкатраз“ – затвор од кој нема бегање (фото)

Додале четири топки за стражарите, глаерија за пиштоли, а решетките ги замениле со метал отпорен на сечење. За безбедноста помогнат и фактот што затворот бил на остров, опкружен со море.

Голем дел од тоа било само за покажување,а оние затвореници кои биле малку подобри, во кои можело да се има доверба имале и некои обврски како во типот на домаќинство.

Во 1963 година затворен е поради зголемени трошоци за одржување и тоа само по 30 години работа.

Image by Markus Distelrath from Pixabay

Loading...

Верувања поврзани со Алкатраз

Одамна, уште од времето на првите доселувања, се верувало дека тука шетаат лоши духови, па на островот доведувале и свои луѓе кои требало да бидат канзети. Ако направиле некои многу тешки злочини ги оставале на островот засекогаш.

Се верувало и дека ако ги остават на островот на него ќе умрат и ќе бидат мачени од зли духови до крајот на животот.

Интересно е што островот и пред да стане затвор бил познат како место за казнување.

Денес, за тоа место се врзуваат многубројни легенди.

Leave a Reply