Дали сок од портокал е навистина здрав избор?

Сподели со своите пријатели

Сок од портокал често се издвојува како еден од омилените начини за здрав почеток на денот.

Loading...

Соковите најчесто ги купуваме во продавниците, а кога ни се допаѓа, самите цедиме портокали и ја пиеме домашната варијанта.

Но, се поставува прашањето колку всушност сокот од портокал е здрав и какви здравствени придобивки добиваме додека го пиеме.

На ова прашање одговорила диететичарката Меги Михалчик која тврди дека зависи од тоа што има во сокот од портокал, односно од информациите и списокот на состојки на пакувањето.

„Сокот од портокал може да биде дел од здравата исхрана бидејќи е преполн со витамин Ц, калиум и други есенцијални хранливи материи. Сепак, некои видови сок од портокал може да содржат додаден шеќер и помалку хранливи материи од свежо цедените или 100 проценти природни сокови“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали е здраво да се пие чоколадно млеко? Еве што велат истражувањата!

Тој додава дека е важно да бидеме свесни колку шеќер и други состојки има во пијалоците што ги консумираме.

„Сокот од портокал може да биде здрав додаток на добро балансирана исхрана, но не сите сокови од портокал се исти“, вели Михалчик, а диететичарката Ерика Инграхам се согласува.

Таа објаснува дека „сокот од портокал е богат извор на витамин Ц, за кој е познато дека има корисен ефект врз имунолошкиот систем“, и додава дека сокот од портокал е богат со калиум, кој е важен за здравјето на срцето и мускулната функција, пишува Парад. .

Loading...

Како редовното консумирање сок од портокал влијае на нашето тело?

Редовното консумирање на сок од портокал, се додека е без додаден шеќер, може позитивно да влијае на нашиот организам.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што се случува со телото кога спиеме неколку часа помалку?

„Сокот од портокал е богат извор на витамин Ц, кој помага во поддршката на имунолошкиот систем. Особено, витаминот Ц е вклучен во растот и поправката на ткивото, што може да помогне во закрепнувањето од болести и повреди“, објаснува Инграхам.

Ако пиеме сок од портокал збогатен со витамин Д, Инграхам додава дека дополнително го зајакнува имунолошкиот систем. Витаминот Д им помага на имуните клетки да се одбранат од патогени како бактерии и вируси.

На долг рок, консумирањето сок од портокал може да помогне да се подобри здравјето на кожата, здравјето на срцето и да се зајакне имунитетот поради неговите хранливи материи и антиоксиданси, истакнува Михалчик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МЕДИТАЦИЈА – За подобар имунитет и помалку стрес

Диететичарите истакнуваат дека не треба секојдневно да претерувате со порциите на сокот, бидејќи дури и шеќерот кој доаѓа од овошјето може негативно да влијае на организмот доколку се консумира во прекумерни количини.

Додаваат дека најдобро е да се испие чаша сок од портокал со појадок кој содржи протеини и незаситени масти, пренесува Index.hr.