Старите сигурно паметат, а младите можеби и се присеќаваат на оние моменти кога доаѓа до прекин на програмата, се слуша ужасно пиштење, а на екранот се појавуваат необични шарени квадрати, правоаголници и шари. Се верувало дека челниците на телевизиите не сакале нешто да видиме па затоа го пуштале тоа, меѓутоа знаете ли зошто навистина служи?
Овој телевизиски тест сигнал обично се емитува во моменти кога трансмитерот е активен, но не се емитува програма, значи обично на почетокот и на крајот од емитувањето во време кога телевизискиот програм не се емитувал 24 часа.
Шарите главно го следи и пиштење, едноличен синусен тон, меѓутоа некои телевизиски станици во пазиданата на тест картата пуштале и радио сигнал или инструментална музика, како на пример македонскиот собраниски канал и ден денес.
Вакви тест картички користени се од самите почетоци на телевизијата. Првин биле реални картици во кои е вперена камера, а главна цел била управување со камери и камкордери и калибрација на сигналот. Овие денови се користат генератори за тест на сигналот кои не бараат присуство на камера. Дигитално изработените текст карти на сите им овозможуваат да ја подесат својата опрема за да добијат оптимален квалитет на сликата.
Кругот бил тука поради подесување на линеарноста во време кога во телевизорите се користеле елктронски цевки.
Тест картите главно содржат одреден сет шари кои овозможуваат на телевизиските камери и гледачи адектатно да ја подесат сликата на своите уреди. Централниот дел на тест картата биле т.н. SMPTE ленти во различни бои и тоа од лева кон десна страна, по ред: бела, жолта, цијан, зелена, магента, црвена и сина. Покрај таа боја, тоа се наоѓа во различни нијанси на црна кои овозможуваат јачината на светлото и контрастот на екранот да се подесат што подобро.
Најпознатата тест карта е направена во 1966 година во лабараторија на компанијата „Филипс“. Содржината во форма на овој шаблон ја осмилил Фин Хендил со помош на главниот инжинер Ерик Хелмер Нилсен, кој со својот инжинерски тим, направил и опрема која ќе генерира шаблон наречен „Philips PM5544“.
Ваквата тест карта користена била во Велика Британија, Канада, САД, Филипини, Мјанмар, Јужна Кореја, Тајван, Јапонија, Австралија, Шпанија, а ако не знаете како изгледа после полноќ ставете го вашиот канал на собранискиот сервис на МРТ.
Loading...