Дали премногу јадење мед е опасно? Експертите предупредуваат на нов тренд на TikTok (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

TikTok стана место каде се појавуваат трендови. Еден од последните се случи буквално преку ноќ. Корисниците на оваа мрежа полнеа шишиња со мед, пченкарен сируп или мешавина од двете, понекогаш додавајќи боја на храна, бонбони и друго, и ги ставаат во замрзнувач. Кога медот се замрзнува, тој добива различна текстура слична на желе и многумина велат дека е вистинско задоволство да се јаде.

Loading...

Ознаката #Замрзнат мед во моментов има повеќе од 830 милиони прегледи на TikTok, а #Замрзнат Сируп 25 милиони. Иако овој тренд може да изгледа безопасен и забавен, неколку луѓе пријавиле несакани ефекти.

„Не јадете три лажици замрзнат мед наутро, тоа ќе ве натера итно да одите во тоалет“, напишал корисникот @lalaleluu.

Ејвори Сајрус се пошегува дека „мора да оди на испирање“.

 

 

Експертите изјавија дека овој тренд може да доведе до дијареа, грчеви во стомакот, надуеност и други опасни несакани ефекти.

Loading...

Експертите објаснија дека краткорочните ефекти од овој тренд се должат на конзумирање премногу шеќер.

„Вишокот шеќер може да ги поттикне цревата да го зголемат испуштањето вода, а тоа може да доведе до дијареа“.

Долгорочните ефекти вклучуваат можен висок крвен притисок или зголемен ризик од тип на воспаление што може да доведе до срцеви заболувања.

“Децата ги следат трендовите, не ги истражуваат и не се прилагодуваат на сопственото тело. Бидете свесни – не мора да правите сешто гледате”

 

@averycyrusBrb gotta go get my stomach pumped 🤪♬ original sound – Avery