Дали конвојот на Вагнер оди кон Москва? Соборени хеликоптери, тенкови во Ростов на Дон

Сподели со своите пријатели

Вестите од Русија се збунувачки. Откако изјавил дека ќе има работа со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, шефот на приватната воена компанија Вагнер, Евгениј Пригожин ги концентрирал своите единици во Ростов на Дон.

Loading...

Оттаму пристигнуваат фотографии од воени борбени возила на градските улици, проследени со војници.

Граѓанската снимка покажува и тенкови како маневрираат, а еден тенк се заглавил додека се обидувал да помине низ портата во градот.

Инаку, одредени извори јавуваат дека Вагнер ги окупирал сите воени објекти во Воронеж.

На Телеграм се појавија тврдења дека биле соборени три хеликоптери кои прелетале над конвој камиони со членови на групата Вагнер, кои се движеле по автопатот М4.

Пилотите наводно го преживеале соборувањето на авионите Ми-8 и Ми-35.

Во Москва се воведени антитерористички мерки.

Тие им даваат на властите широко поле на дејствување, вклучувајќи затворање на индустриски погони, исклучување на комуникациите и забрана за пристап до јавните површини.

Loading...

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу ги повика членовите на групата Вагнер да се вразумат и да одбијат да учествуваат во криминалните активности на Пригожин.

Тој ја гарантира нивната безбедност и нуди помош.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.