Дали би пробале од најскапото кафе во светот?

Сподели со своите пријатели

Кафето е омилен пијалок за многумина и тие не можат да го замислат почетокот на денот без него.

Loading...

Но, дали би се осмелил да го пробаш од најскапото кафе во светот? Размислете двапати пред да одговорите.

Како правилно да зготвите турско кафе? Проверете каде грешите!

Најскапото кафе не доаѓа набрано од човечка рака, туку од стомакот на диво животно по име Цибетка.

Тоа е диво животно слично на мачка со изразито испакнати очи, издолжена муцка и екстремно остри канџи и заби. Толку опремени, во текот на ноќта, овие ѕверови се искачуваат на арабуста дрвја, од кои ги избираат и јадат само најдобрите зрна од ова слатко црвено кафе и, откако ќе ја гризнаат овошната надворешност, го голтаат внатрешното тврдо зрно. И тогаш започнува процесот на добивање на ова скапо кафе.

6 симптоми со кои телото ви кажува дека претерувате со кафето

Во желудникот на оваа животно, гастричните сокови буквално ги масираат овие зрна, отстранувајќи ги острите рабови и дел од кофеинот и протеините, што го прават кафето горчливо и непријатно за консумирање.

После тоа, неопходно е да се почека ова животно да ги испразни зрната низ цревата, за да се подготви за понатамошна обработка.

Loading...

Така добиените зрна се зеленикаво-кафеава боја, откако ќе бидат добро исчистени (десетици пати, останува да се надеваме) и да се исушат на сонце, се испорачуваат за печење и мелење.

Image by skeeze from Pixabay

И ова е лесен начин да го добиете најскапото кафе на светот.

8 идеи како да ја искористите правилно и целосно секоја шолја кафе

Да се ​​добие, да речеме, 150 грама од ова богато кафе наречено „Копи Лувак“ (Kopi Luwak – на индонезиски кафе и цибетка) – потребни се дури половина килограм измет од ова животно! И тоа не е сè – тежината се намалува за некои дополнителни 20 проценти со пржење.

И бидејќи годишното производство на ова кафе е максимално околу 4 до 5 килограми, не е ни чудо што 400 грама од ова кафе чини 600 долари!

Дали сте слушнале за „bulletproof“ кафе? Еве зошто луѓето од шоу бизнисот го обожаваат!

Loading...

Само една шолја од ова уникатно кафе може да ве чини до 50 долари!

Ако сте љубител на кафе, тогаш ве оставаме да размислите дали би потрошиле толку многу пари за да пробате од овој деликатесен напиток.

Leave a Reply