Дали сте слушнале за „bulletproof“ кафе? Еве зошто луѓето од шоу бизнисот го обожаваат!

Сподели со своите пријатели

И додека повеќето луѓе ширум светот се прашуваат како да го намалат внесот на кафе, се чини дека западниот брег на Соединетите држави се сврте кон еден сосема поинаков тренд.

Loading...

Судејќи според објавите на блоговите, „bulletproof“ кафето станува сè поинтересно за пошироката публика.

Зад овој рецепт е Дејв Аспери, човек кој се бореше со вишок тежина со проучување на биологија и исхрана за да денес биде на чело на „Bulletproof“, мултимилионерска компанија што за прв пат ја слушнавме од Хали Бери, чија дневна рутина вклучува „bulletproof“ кафе.

Како да направите „bulletproof“ кафе?

Иако на Интернет можете да најдете многу рецепти, оригиналниот рецепт гласи вака:

2 лажички мелено „bulletproof“ кафе,

1-2 лажички Brain Octane (MCT) масло

1-2 лажички несолент путер.

Loading...
https://www.instagram.com/p/B2hLC0KgUbT/

Прво, направете кафе или еспресо, а потоа додајте ги наведените состојки. Истурете ги сите состојки во блендер и измешајте додека не ја добиете посакуваната пенеста текстура.

Се разбира, можете да користите било какво кафе доколку „bulletproof“ кафето не ви е достапно, додека масло од МЦТ може да се добие од масло од кокос.

Дејв Аспери тврди дека пиењето на ова сварено кафе е тајната на успехот на многу извршни директори на Силиконската долина, како и на многу фит холивудски луѓе.

Ова кафе е многу заситно, така што лесно можете да го прескокнете појадокот без да чувствувате глад.

Бидејќи путерот ја успорува апсорпцијата на кофеинот, ќе имате многу повеќе енергија, бидејќи тоа ќе го сузбие  ефектот на обичното кафе со краткотраен налет на енергија, веднаш по пиењето.

На овој начин, ќе доживеете помала доза кофеин во текот на неколку часа, што ќе има позитивен ефект врз вашата продуктивност.

Ова кафе ќе ви овозможи подобар фокус и јасно размислување во текот на денот.

Leave a Reply