„Циклон бомба“ го погоди западниот брег на Соединетите Американски Држави, попречувајќи го транспортот, оставајќи без струја половина милион луѓе и предизвика најмалку два смртни случаи.
Невремето донесе удари на ветер со брзина од речиси 145 километри на час во регионот, корнејќи дрвја и далноводи.
Според Националната метеоролошка служба, исто така, падна до три инчи дожд во делови од Орегон, Вашингтон и северна Калифорнија.
„Циклон бомба“ е кога бурата брзо се интензивира во период од 24 часа или помалку.
Ова генерално се случува кога ладна воздушна маса од поларниот регион се среќава со топол тропски воздух – процес кој метеоролозите го нарекуваат бомбогенеза.
Научниците ги обвинуваат климатските промени предизвикани од човекот за зголемениот интензитет на бурите ширум светот.
Глобалното затоплување и потоплите океани даваат дополнителна енергија на бурите кои потоа можат да предизвикаат хаос во форма на побрзи ветрови и обилни врнежи.
Една жена загина во северен Сиетл кога дрво паднало врз логор за бездомници, соопштија локалните власти.
Уште една жена загина во близина на Сиетл кога дрво паднало врз нејзиниот дом, соопштија претставници на Белви.