ЦИД ќе раководи со Младинскиот центар во општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Здружението „Центар за интеркултурен дијалог“ од Куманово ќе раководи со Младинскиот центар во Куманово, соопштија денеска надлежните од општината.

Loading...

Комисијата за разгледување и евалуација на пријавите од јавниот повик за избор на младинска организација одлучила со младинскиот центар да раководи оваа организација.

Општина Куманово, претходно објави јавен повик за избор на младинската организација која ќе раководи со Младинскиот центар во Куманово, на кој можеа да учествуваат регистрираните организации согласно Законите за здруженија и фондации и за младинско учество и младински политики, со седиште во општина Куманово, регистрирани во регистарот на младински организации и организации за млади, со над петгодишно искуство.

Со одлука на советот, Куманово основаше Младински центар кој преку јавен повик е доделен на управување на младинска организација и во временски период од три години, од февруари 2022 до февруари 2025 година.

Организацијата требаше да достави соодветна програма за работа на центарот преку која ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот на заедницата преку: неформално образование, обучување и подучување на млади, информирање, менторство, подучување и советување, информално искуствено учење кое се случува во слободно време низ учество во забавни и волонтерски активности организирани за и од млади.

Младинскиот центар во Куманово ќе биде од отворен тип и ќе им биде достапен на младите најмалку 40 часа неделно, распоредени во најмалку пет дена.

-Висината на финансиски средства од Буџетот на Општина Куманово за 2022 година е во процентуална вредност од 50 до 70 проценти од потребните средства за реализација на поднесената Програма за работа на Младинскиот центар Куманово, но не повеќе од 600.000денари-информираа од општината при објавувањето на повикот.

МИА

Loading...