„Човекот на Путин пристигна во Иран, набавувува балистички ракети“

Сподели со своите пријатели

Институтот за проучување на војната (ISW) утринава објави дека Иран планира дополнително да ја продлабочи соработката со Русија.

Loading...

Во својот последен извештај, ISW наведува дека претседателот на рускиот Совет за безбедност, Николај Патрушев, еден од најмоќните соработници на рускиот претседател Владимир Путин, пристигнал вчера во Иран, каде најверојатно ќе преговара за набавка на ирански балистички ракети на руските сили.

Јавното соопштение на Иран за пристигнувањето на Патрушев во Иран има за цел да го привлече вниманието на меѓународната јавност на продлабочената соработка меѓу Москва и Техеран и „имплицитно да нагласи дека висок руски функционер му се обратил на Иран за помош во војната во Украина“, според Институтот.

– Техеран веројатно сака јавно да го сигнализира ребалансот на своето стратешко партнерство со Москва, особено на противниците на Иран во регионот со кои Кремљ повремено соработува, како Израел и Саудиска Арабија – се вели во новата анализа на ISW.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.