03.08.2019 10:52

Чикаго потроши 30.000 евра за фаќање на алигаторот во градскиот парк

Facebook Twitter Google+

Напорите на градот Чикаго да се избори со алигатор кој оваа лето е затекнат во лагуната на градскиот парк, чинеле 33.600 долари или околу 30.500 евра.

Поголемиот дел од трошоците биле направени додека градските работници поставувале и отстранувале бариери за да луѓето ги држат на страна од лагуната во паркот Хумболт, откако мажјак алигатор е забележан минатиот месец.

loading...

Ловецот на диви животни од Флорида, Франк Роб на 16 јули го фатил алигарот долг меѓу 1,2 и 1,5 метри, а градските служби велат дека му е исплатен хонорар од 2.500 долари.

Исто така, Роб добил 2.166 долари за трошоци за патување и сместување.

Истражувачите и натаму не се сигурни како алигарото дошол во лагуната во паркот Хумболт.

Откако е фатен, алигаторот бил префрлен во природен резерват.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments