Четврти ден по ред протест во Барселона

Сподели со своите пријатели

Илјадници луѓе се собраа во Барселона како дел од протестите четврти ден по ред во врска со пресудите на шпанскиот Врховен суд против деветмина поранешни лидери на Каталонија.

Loading...

Демонстрантите обвиткани со знамињата на Каталонија мирно протестираа.

Скоро сто лица беа повредени вчера низ Каталонија додека контејнери и автомобили беа запалени во текот на ноќта.

Претходно, илјадници студенти излегоа на улиците, а некои ја гаѓаа полицијата со јајца.

На 14 октомври шпанскиот Врховен суд осуди деветмина поранешни лидери на Каталонија на девет до 13 години затвор за нивната улога во неуспешниот обид за прогласување независност на Каталонија во 2017 година.

Leave a Reply