Барселона: Нов судир на полицијата и демонстрантите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Демонстрантите и полицијата се судрија вечерва во Барселона, трет ден на протестите за пресудите против каталонските сепаратистички лидери, пренесува Ројтерс.

Loading...

Полициските сили за сузбивање немири пукале со гас од пена додека демонстрантите палеле контејнери и автомобили во близина на одделот за внатрешни работи на регионалната влада во главниот град на Каталонија.

Пожарот блокираше најмалку четири улици.

Демонстрантите фрлаа ролни тоалетна хартија претходно вечерва затоа што, како што рекоа организаторите, „има многу што треба да се исчисти“.

Демонстрантите од повеќе градови во Каталонија денеска се движеа на протестен марш со цел да пристигнат во Барселона до петок.

Протестите започнаа во понеделникот, откако Врховниот суд во Мадрид ги осуди деветмина поранешни каталонски политичари и активисти на девет до 13 години затвор за нивната улога во неуспехот да се прогласи независност на Каталонија во 2017 година.

Тројцата преостанати обвинети беа прогласени за виновни само за непослушност и не добија затворски казни.

Поранешниот премиер на Каталонија, Ориол Занкерас е осуден на 13 години затвор за бунт и злоупотреба на јавните средства за одржување референдум за независност на Каталонија.

Loading...

Leave a Reply