Четворица астронаути се вратија на Земјата: Повторно ќе учат да одат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Четворица астронаути успешно слетаа на брегот на американската сојузна држава Флорида по неколкумесечен престој на Меѓународната вселенска станица.

Loading...

Капсулата Space X Dragon безбедно слета на Земјата во 3.33 часот по средноевропско време по вртоглава брзина од влегување во атмосферата, која беше намалена со помош на четири огромни падобрани.

Астронаутите, Французинот Том Песке, Американката Меган Мекартур, Американецот Шејн Кимброу и Јапонецот Акихико Хошид се на Меѓународната вселенска станица од 24 април.

Беа пречекани од специјален тим кој ги извлекол од капсулата бидејќи не можеле да одат откако биле во бестежинска состојба.

Тие ќе бидат испратени на физичка рехабилитација најмалку три недели во кои ќе научат повторно да одат и да се навикнат на тежината на Земјата.

Тим од двајца руски и еден американски астронаут остана во Меѓународната вселенска станица, која се наоѓа на околу 400 километри над Земјата.

 

https://youtu.be/n0T_G15P8fk

Loading...