Четирите лидери заседаваа со часови без политички договор

Сподели со своите пријатели

Тешко е да се каже дали денешната средба беше успешна или неуспешна, изјави денес Никола Груевски, по завршувањето на лидерската средба помеѓу СДСМ, ДПА, ДУИ и ВМРО ДПМНЕ, водена на ниво на четирите лидери на најголемите партии во Македонија.

Loading...

Одржана со посредство на меѓународната заедница во Македонија, на денешната средба било договорено правото на мирни и ненасилни протести, но без конкретен договор за излез од политичката криза.

-Усвоивме една декларација на ненасилно правење на протести или било какви собирања, исто така разговаравме и за други теми имаше различни идеи и предлози и на крајот договоривме да се видиме уште еднаш во понеделник. Тешко да се даде квалификација дали беше успешна или неуспешна оваа средба, рано е да се даваат квалификации, изјави Груевски.

По завршувањето на средбата зад затворени врати, четирите лидери договориле нова средба во понеделник.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *