Чешка: Поради сомнителна пратка под опсада украинскиот конзулат

Сподели со своите пријатели

Чешката полиција денеска блокираше улица во градот Брно каде се наоѓа конзулатот на Украина, откако беше откриена сомнителна пратка.

Loading...

Пратката што била испорачана во конзулатот наликувала на неодамнешната бомба испратена до дипломатската мисија на Украина во Шпанија.

Според чешката полиција на Твитер, пратката во моментов се проверува.

Евакуирани се вработените во конзулатот, а затворени се сите околни улици, а евакуирана е и блиската градинка.

Чешката полиција ги повика вработените во сите дипломатски претставништва и производители на оружје да ги зголемат безбедносните мерки.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.