Царинската управа со богата заплена од ГП Табановце (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатите две недели, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, сребрен накит, уреди за автосервиси, опрема за заварување, автоделови, алати, цигари, кафе во зрно, техничка стока, облека, козметика, муниција за гасни пиштоли, додатоци на исхраната и фалсификати, информираат од Царинската управа на Република Македонија.

Loading...

Вкупно 7.300 евра биле откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи бугарски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Во рачна торбичка на возачот биле пронајдени 9.300 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок ќе биде поведена прекршочна постапка.

Еден комплет тестер и ултразвучен чистач на бензински дизни на возила, еден сет од иноксен поклопен вентил со шрафови и шајбни, еден пиштол за заварување, 25 килограми жица за заварување, 38 челични колена и една употребувана турбина за камион, биле откриени во три одвоени случаи при контрола на два автомобили и еден камион, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Во првиот случај, во кабината на влекач што бил натоварен на камион од влечна служба, управуван од македонски државјанин, бил пронајден 1 комплет тестер и ултразвучен чистач на бензински дизни на возила.

Loading...

Во вториот случај, на граничниот премин се пријавил македонски државјанин, управувајќи швајцарски автомобил со приколка, натоварена со стока за која приложил меѓународен транзитен документ и слики од истата. Возачот изјавил дека нема ништо друго за пријавување за царинска контрола, но при извршениот преглед на автомобилот, во багажникот биле пронајдени 1 сет од иноксен поклопен вентил со шрафови и шајбни, 1 пиштол за заварување, 25 килограми жица за заварување и 38 парчиња челични колена.

Во третиот случај, позади возачкото седиште на српски автомобил, управуван од српски државјанин, била пронајдена 1 употребувана турбина за камион марка BORGWARNER.

Во сите три случаи непријавените производи се привремено задржани, а против возачите ќе бидат поведени соодветни постапки.

Во просторот за палети и во кабината на македонски камион, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, биле пронајдени 39 парчиња разни употребувани алати (моторни и електрични пили, циркулари, бормашини, брусалки и друго). Непријавените производи, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

190 килограми кафе во зрно (190 паковки по 1 килограм), тип CAFFE ERON, биле откриени при контрола на италијански пикап, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавеното кафе, пронајдено во 5 картонски кутии сместени во багажникот на возилото, позади лични работи и употребувана машина за сечење плочки која возачот ја пријавил, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

25 мини компјутери Raspberry Pi 3, 26 сд картички Kingston 8gb, 1 комплет од играчка конзола со камера, монитор, џојстици и слушалки, 3 парчиња електричен алат, 3 звучници, два микрофони, 2 држачи за звучници и 1 рачен часовник, биле откриени во три одвоени случаи при контрола на два автомобили и еден камион, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Loading...

Во првиот случај, во кеса сместена во багажникот на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, биле пронајдени 25 мини компјутери Raspberry Pi 3 и 26 сд картички Kingston 8gb.

Во вториот случај, на задните седишта и во багажникот на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, биле пронајдени 1 комплет од играчка конзола со камера, монитор, џојстици и слушалки, 1 брусалка, 1 комплет од 2 бормашини и 1 комплет од звучник и два микрофони.

Во третиот случај, на креветот во кабината на македонски камион, управуван од македонски државјанин, биле пронајдени 1 рачен часовник МICHAEL KORS ACCESS-Mens Smartwath, 2 безжични звучници Sonos One и 2 парчиња сталаци за звучници Sonos FLEXSON.

Во сите три случаи, непријавените производи се привремено задржани, а против возачите ќе бидат поведени соодветни постапки.

Leave a Reply