Бурата Џоселин денеска навлегува во Велика Британија

Сподели со своите пријатели

Граѓаните на Велика Британија се подготвуваат за невремето Џоселин, кое според метеоролозите денеска ќе донесе бурни ветрови и обилни врнежи од дожд.

Loading...

Новото невреме доаѓа само еден ден откако две лица загинаа во бурата Иша, која претходно ја погоди Британија, но Џоселин не се очекува да биде толку силна, јавува Би-Би-Си.

Британскиот јавен сервис вели дека, дополнително, предупредувања ќе бидат издадени во Шкотска, Северна Ирска и делови од Велс и Англија.

Жолта метеоролошка тревога веќе е на сила во поголемиот дел од Британија, а британската метеоролошка служба предупреди дека може да има оштетувања на зградите и дека сообраќајот може да биде отежнат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Поради силните ветрови, од вечерва до утре изутрина ќе бидат прекинати услугите на ScotRail.

Се очекува ветерот во текот на денот постепено да засилува и да достигне брзина до 130 километри на час на северот и западот на Шкотска, пренесува Танјуг.

Денеска во повеќето области се очекуваат врнежи од дожд, а можни се и помали поплави.

Џоселин ќе биде десеттата бура што ќе ја погоди Велика Британија од септември минатата година.

Loading...