Бундестагот одобри изградба на споменик на Јеховини сведоци во центарот на Берлин

Сподели со своите пријатели

Во четвртокот германскиот парламент Бундестаг едногласно го изгласа предлогот на коалициската влада и опозициските партии Демохристијаните и Христијанско-социјалната унијa да се изгради споменик во Берлин за Јеховините сведоци кои беа прогонувани и убиени од нацистичкиот режим.

Loading...

Во берлинскиот парк Тиергартен ќе биде поставена меморијална скулптура за да ја одбележи судбината на таа верска заедница.

Во 1930-тите и 1940-тите, Јеховините сведоци беа прогонувани затоа што не го признаваа авторитетот на нацистичките владетели, не го извршија нацистичкиот поздрав и не ги испраќаа своите деца кај Хитлеровата младина.

Илјадници беа депортирани, затворани и мачени, а најмалку 1.700 верници ги загубија животите.

„Тие беа прогонувани, малтретирани, затворани и убиени поради нивната вера“, изјави германската федерална комесарка за култура Клаудија Рот.

Споменикот треба да обезбеди „тие повеќе да не бидат заборавени жртви на националсоцијализмот“, рече таа, пренесува Хина.