Бугарија подготвена да го зголеми извозот на струја во Македонија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека Бугарија како најголем извозник на електрична енергија во регионот е подготвена да го зголеми извозот во Македонија.

Loading...

Тие се подготвени за тоа во согласност со правилата на европскиот енергетски пазар и бугарското законодавство, почитувајќи ги интересите на бугарските граѓани и компании, јавува македонската агенција МИА.

Се наведува дека Радев пренел дека разговарал со претседателот на Северна Македонија, Стив Пендаровски и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за можностите ЕУ финансиски да ја поддржи Северна Македонија, за да се избегне можна ликвидносна криза на таа земја во зимскиот период во однос на снабдувањето со електрична енергија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВРЕМЕПЛОВ: Потресни сведочења на преживеаните од земјотресот во 1963

Радев потсети дека Бугарија веќе има формирано заедничка работна група со Македонија која се занимава со набавка на електрична енергија од Бугарија.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.