Брус Ли има двојник во Авганистан (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Абас Ализада (24) е авганистанци актер, но она што прво влегува во очи не се неговите шишки туку фактот дека неодоливо наликува на мајсторот на кунг фу, Брус Ли.

Loading...

Уште кога бил дете, Абас бил фасциниран од боречките вештини, но сиромаштијата го спречила да се приклучи на некој клуб. Одбивајќи да се откаже, започнал да тренира дома, во својот подрум.

– Прв пат филмовите со Брус Ли ги гледав кога имав 8 или 9 години и многу ми се допаднаа неговите движења. Гледањето на неговите филмови ме инспирираше да започнам да учам боречки вештини, вели Абас.

Десет години ја учел вештината кунг фу. Пред три години започнал да тренира во локален клуб, а научил да користи и нунчаки, само гледјаќи филмови од својот идол и имитирајќи ги неговите движња. Но, и во својот подрум се уште сака да тренира.

Абас станал понат во Авганистан, но и пошироко кога пред неколку години на Фејсбук објави фотографија со описот: „Брис Ли се појави во Авганистан“. Вели дека е горд на фактот што сонародниците му го дале прекарот „Авганистанскиот Брус Ли“.

View this post on Instagram

?? @brucelee @donnieyenofficial @cristiano

A post shared by Abbas Alizada (@official_abbli) on

Младиот актер досега снимил два филма: еден била азербејџанската комедија „Brother Lee“ од 2016. година во која ја играл легендата на кунг фу. Вториот филм кој моментално е во постпродукција го снимал во Индија. Филмот е посветен повторно на Брус Ли.

Неодамна потпишал договор со една холивудска компанија, а младиот актер ништо друго не сакал да открива, освен дека снимањето ќе започне во март или април.

Some fitness workout ??

A post shared by Abolfazl Abbas Alizada?? (@abbas_alizada_official) on

Се надева дека во својата татковина ќе отвори филмско студио, за да ги привлече младите и талентирани луѓе кои сакаат со да помогнат во развојот на авганистанскиот филм.

На следната страна прочитајте пет фасцинантни факти за Брус Ли


Pages: 1 2

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.