Брус Ли има двојник во Авганистан (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Човекот кој е заслужен за популарноста на боречките вештини на светската филмска сцена, се памети како човек со уникатни способности на ова поле, што речиси никој не може да ги достигне.  Во продолжение прочитајте неколку фасцинантни факти за Брус Ли, што најверојатно не сте ги знаеле.

5. Неговите танцувачки способности се импресивни како и боречките

Во 50-тите години на минатиот век, Ли развил репутација на добар уличен борач во Хонг Конг, но малкумина знаат дека бил талентиран танчер. Во 1958, пред да замине во САД, тој станал национален шампион во танцување, освојувајќи ја титулата за Ча Ча танцување.  По ова заминал за САД, каде тргнал без многу пари на негово име, па на почетокот заработувал давајќи часови по танц.

 

Loading...

 

4. Ненамерно го претепал Џеки Чен, кој бил среќен поради ова

На снимањето на „Enter the Dragon“, еден од статистите кои учествувале во тепачка сцена бил и тогаш младиот и непознат Џеки Чен. Во сцената, Ли ненамерно го удрил силно со стап по лице. Џеки Чен вели дека не го болело толку, колку што глумел дека е во болка, а потајно бил среќен што бил удрен од неговиот идол.

 

 

3. Мртвото тело на Ли заврши на филм

Според докторите, Ли починал од лоша реакција на лекови за главоболка. Тој починал во период кога бил на среде снимање на филм, а за да го комплетираат филмот продуцентите направиле повеќе контроверзни нешта – покрај тоа што вклучиле очигледен дублер на Ли и лоша монтажа, тие направиле ликот што го глуми Ли, да си ја исценира смртта. Во филмот употребија вистински снимки од погребот на Ли, вклучувајќи и кадар од неговото мртво тело, во отворен ковчег.

2. Во голема мера е заслужен за боречките вештини на западот

Старите мајстори по боречки вештини сметале дека овие вештини треба да бидат учени од Кинези, на Кинези, но Брус Ли не се согласувал. Отворил училиште за боречки вештини во Сан Франциско што не дискриминирало никого и меѓу учениците имало и познати личности од светот. Неговото учење, и фактот што беше филмска ѕвезда во светот во време кога имало дискриминација кон Азијати, го прави Ли клучна личност во воведување на боречките вештини во САД и пошироко.

 

Loading...

 

1. Брус Ли бил пребрз за камерите

Има повеќе теории на интернет за тоа колку бил брз Ли и урбани легенди поврзани со ова, што не можат да се потврдат. Но познато е дека Ли се движел толку брзо, што делува заматено на филм и дека намерно се движел поспоро, за да оди во полза на камерите и филмот воопшто.

 

Pages: 1 2