Бројот на загинати во земјотресот во Индонезија се искачи на 56

Сподели со своите пријатели

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди Западна Јава во Индонезија се искачи на 56, изјави гувернерот на провинцијата Ридван Камил.

Loading...

Тој изјави дека спасувачите се обидуваат да стигнат до областите блокирани од лизгање на земјиштето.

Локалните власти од Сианџур, град во Западна Јава, изјавија дека десетици згради, вклучително и куќи, се оштетени, а жителите се евакуирани заради безбедност, пренесе агенцијата АП.

„Во регионалната болница Цианџур има околу 700 повредени“, соопшти националната агенција за итни случаи.

Според извештаите, забележани се неколку свлечишта околу Чианџур, оштетени се десетици згради, вклучително и исламски интернат, болница и други јавни објекти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на Tesla паднаа на најниско ниво во последните 15 месеци

Бирото за метеорологија и геофизика (БМКГ) претходно соопшти дека земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погодил главниот град на Индонезија, Џакарта, а епицентарот на земјотресот бил во градот Цианџур во Западна Јава, на длабочина од 10 километри.