Бројот на смртни случаи поврзани со корона во Кина паднал за речиси 80 проценти

Сподели со своите пријатели

Во Кина, бројот на дневни смртни случаи поврзани со „Ковид-19“ е намален за речиси 80 отсто од почетокот на јануари, соопштија кинеските центри за контрола и превенција на болести.

Loading...

Во понеделник, 23 јануари, кинеските болници забележаа 896 смртни случаи од корона вирусот, што е за 79 отсто помалку од 4 јануари.

За 72 отсто падна и бројот на тешки случаи во болниците.

Падот на бројот на смртни случаи од Ковид-19 дојде откако бранот на епидемијата го достигна својот врв кон крајот на декември минатата година и почетокот на јануари.

Властите предупредија и на можно ново зголемување на заразените по прославите и патувањата по повод Лунарната Нова Година, која започна на 21 јануари.

Минатиот месец Пекинг ненадејно ја напушти политиката на „нула ковид“, по што земјата ја зафати нов бран на инфекција.