Британија воведе санкции и за челниците на Калашников

Сподели со своите пријатели

Владата на Обединетото Кралство денеска објави дека со новиот пакет санкции против Русија, таргетира 86 правни и приватни субјекти поврзани со производство на оружје и енергија, како и оние поврзани со кражба на украинско жито.

Loading...

Меѓу санкционираните компании е и концернот „Калашников“.

„Санкционирани се 20 менаџери на компании од одбранбениот сектор, меѓу кои и Алан Валериевич Лушинков и Владимир Николаевич Лепин, кои се двајцата директори на концернот „Калашников“, кој произведува 95 отсто од оружјето во Русија“, се вели во соопштението на британската влада.

Санкции на метални компании и банки

Покрај тоа, Лондон воведе санкции против осум руски компании поврзани со производство на метал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

На списокот на санкционирани се и основачот и претседател на одборот на директори на Руската компанија за бакар, Игор Алтушкин.

„Алтушкин и неговата компанија продолжија да играат клучна улога во сектор од стратешко значење за руската војна во Украина“, соопшти британската влада.

На проширената листа на санкционирани се најдоа и Тинкоф банка, Росбанк, Система холдинг, Северстал, компанијата за ископ на злато Полиус и компании кои се дел од Росатом.

Санкции за Белоусов

Санкции беа изречени и за првиот потпретседател на руската влада Андреј Белоусов, членот на бордот на директори на Гаспром нефт, Елена Иљухина и членот на управниот одбор на Руски железници Сергеј Степашин.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Во соопштението на британската влада се нагласува дека санкциите се дизајнирани да го зголемат економскиот притисок врз раководството во Москва поради „нелегалната војна против Украина“.

Санкции против руски компании поврзани со кражба на украинско жито

Владата на Обединетото Кралство денеска објави нов пакет санкции против Русија, насочени кон компаниите поврзани со кражбата на украинското жито и оние кои се вклучени во испораката на руски енергетски производи.

Во соопштението на британската влада се наведува дека Лондон санкционира 86 физички и правни лица поврзани со кражба и препродажба на украинско жито, пренесува Ројтерс.

Санкции се насочени и против големите руски компании кои се занимаваат со производство на енергија и оружје, вклучувајќи ги и оние поврзани со компанијата Росатом, како и против сопственикот на руската компанија за бакар, Игор Алтушкин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кремљ се огласи за блокирањето на Телеграм: „Во моментов нема такви планови, но...“

Новите санкции беа воведени откако британскиот премиер Риши Сунак објави забрана за увоз на руски дијаманти и бакар, алуминиум и никел.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.