Британија испрати опрема за отстранување мини во Украина

Сподели со своите пријатели

Велика Британија ѝ даде на Украина повеќе од 1.000 детектори за метал и 100 парчиња специјална опрема за отстранување бомби и за расчистување на минските полиња, во најновиот пакет воена помош за Киев.

Loading...

„Руската употреба на мини и таргетирање на цивилната инфраструктура ја демонстрира шокантната бруталност на инвазијата на Путин. Последниот пакет британска помош ќе и помогне на Украина безбедно да ги исчисти земјиштето и зградите додека ја враќа својата територија“, изјави британскиот министер за одбрана Бен Валас, пренесе Танјуг.

Британското Министерство за одбрана додава дека детекторите за метал, произведени од германската компанија „Валон“, можат да и помогнат на армијата во расчистувањето на патиштата од експлозивни направи.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.