Брисел предложи план за конфискација на замрзнатиот руски имот

Сподели со своите пријатели

Европската комисија денеска објави дека предложила план за конфискација на руските средства што се замрзнати за да се казни Москва за нејзината инвазија на Украина.

Loading...

„Блокиравме 300 милијарди евра резерви на руската централна банка и замрзнавме 19 милијарди евра пари на руските олигарси“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија, пренесе Ројтерс.

Според неа, ЕУ и нејзините партнери би можеле краткорочно да управуваат со овие средства и да ги инвестираат.

Приходите ќе одат во Украина за да се компензира штетата предизвикана од војната во таа земја.

„Ќе работиме на постигнување меѓународен договор со нашите партнери за да се овозможи тоа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот суд го осуди портпаролот на Мета на шест години затвор

Заедно можеме да најдеме правни начини да го оствариме тоа“, рече Лајен.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.