Брисел: Изборите во Русија не беа фер и слободни

Сподели со своите пријатели

Претседателските избори во Русија претставниците на Европската унија и европските земји ги оценија како недемократски, спроведени под репресија и без вистински избори.

Loading...

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека изборите не биле фер и слободни, туку под репресија и заплашување, и по тој повод најави заедничка изјава на сите 27 земји од ЕУ, пренесува Ројтерс.

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека има репресија врз граѓанското општество и дека не се почитуваат условите за демократски избори, а од друга страна ја пофали храброста на „руските граѓани кои мирно протестираа против нападот на нивните основни политички права“.

Франција, исто така, го осуди одржувањето на избори на териториите на Украина под руска контрола и посочи дека „не го признава и никогаш нема да го признае одржувањето на овие таканаречени избори“, пренесува Танјуг.

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок изјави дека во Русија се одржале „избори без избори“ и додаде дека ЕУ ќе го отвори патот за нови санкции против Русија.