Брилијантна игра на КК Куманово на мечот со Кожув (видео и галерија)

Сподели со своите пријатели

Брилијантната втора четвртина на Куманово, која домаќинот ја доби со 30-7, беше решавачка за конечниот исход. Со победата над Кожув од 82-67, кумановци брзо се рехабилитираа од последниот пораз се изедначија со Фени Индустри и Карпош Соколи на делба на третата позиција на табелата, соопшти МКФ на својата официјална страна. 

Loading...

И покрај обидите на Кожув во третата четвртина пред се со шутеви од далечина да фати резултатски приклучок, Куманово знаеше како да го одржи водството, кое во еден момент се искачи и до највиоски 26 поени разлика (65-39). Во рутинската последна четвртина, гевгеличани немаа сили посериозно да се заканат со пресврт и Куманово заслужено славеше важен триумф од 82-67.

Не очекував ваква лесна победа, вели тренерот на КК Куманово, Страшо Тодоровиќ.

 

Урош Луковиќ, Вукашин Мандиќ и Саша Аврамовиќ со по 16 постигнати поени беа носители на победата на Куманово. Меѓу поистакнатите беа и Јанески и Џекиќ со по 9 поени, додека Караџовски додаде 7 поени со 6 асистенции и 5 скокови. Кај Кожув, Владимир Брчков и Алексеј Нешовиќ реализираа по 13 поени, додека Милан Јанушевиќ мечот го заврши со 12 поени. Двоцифрен беше и Божовиќ со 10 постигнати поени.

Loading...

По овој пораз, Кожув сериозно си ги влоши шансите во борбата за плејофот, сега заостанувајќи три бодови зад трите екипи кои се наоѓаат на третото место на табелата, меѓу кои и Куманово. Во наредното коло кое се игра во вторник, Кожув гостува на Фени Индустри, додека Куманово во Градски Парк во Скопје ќе се сретне со Работнички, јавува МКФ.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *