Бразилските лекари со револуционерен начин за лекување изгореници (видео)

Сподели со своите пријатели

Научници од институто „Хозе Фрота“ тестираат нов медицински третман против изгореници – обложување на раната со кожа од риба.

Изгореници од втор и трет степен традиционално се лекуваат со обложување на раните со колаген кој се добива од свинско или човеково ткиво, но научниците од Форталеза неодамна се соочиле со недостаток на готов материјал.

РЕВОЛУЦИЈА: Научниците за прв пат излечија живо суштество од ХИВ

Loading...

Тоа ги навело да посегнат по кожа од риба за која се испоставило дека претставува совршено средство против изгореници.

Прилично се изненадивме кога откривме дека содржи голема количина на колагенски протеини од типот 1 и 3 кои играат голема улога во зараснувањето на раните – објаснува др. Едмар Масијел, специјалист за изгореници.

Процесот на превиткување се покажал како помалку болен затоа што за разлика од медицинските завои, кожата не мора често да се менува, а се испоставило дека служи и како одлично средство против болки.

Со оглед на тоа дека во прехрамбената индустрија претставува отпаден материјал, овој материјал е доста евтин и има уште една добра страна – откако ќе се стерилизира во фрижидер може да се чува следните две години.

ЛЕКАРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Не пијте бруфен, особено ако имате над 40 години

Нова метода, која се уште се наоѓа во фаза на клинични истражувања, наскоро би можеле да влезе во примена во другите земји во светот, вклучувајќи ги САД.

Со употреба на кожа од оваа риба до сега биле излечени 56 лица.